Македонија 10. август 2020. / 14:47

Делегација од кабинетот на Пендаровски оддаде почит на бранителите кои загинаа кај Љуботенски бачила

Делегација од кабинетот на Пендаровски оддаде почит на бранителите кои загинаа кај Љуботенски бачила

Делегација од Кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска положи свежо цвеќе по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила.

Цвеќиња беа положени пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Масакрот кај Љуботенски Бачила се случи на 10 август 2001 година во 8 часот наутро, откако воен камион на АРМ нагази на две противтенковски мини кај месноста Љуботенски Бачила, при што загина осум припадници на резервниот состав на АРМ. Покрај осуммината убиени, имаше и осуммина повредени.

Животите ги загубија бранителите Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27) и Гоце Чанкуловски (39), сите од Скопје.