Македонија 18. септември 2020. / 20:45

Дел од мерните станици за аерозагаденоста не работат, ресорниот министер не знае кога ќе се поправат

Дел од мерните станици за аерозагаденоста не работат, ресорниот министер не знае кога ќе се поправат

Еден месец пред грејната сезона, десетина мерни станици кои треба да ја мерат загаденоста на воздухот а се поставени од Министерството за животна средина не работат. Тие не ги покажуваат податоците за ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките во воздухот. Mинистерот  за екологија, Насер Нуредни незнае кога станиците ќе се поправат.

Не би можел да ви дадам конкретни инфомации кога тие ќе бидат активни и функционални. Ние веќе ги нарачавме деловите на мерните станици. Штом пристигнат истите ќе бидат инсталирани и ќе ве информираме навремено за нивната функционалност“-рече Насер Нуредни, министер за животна средина.

За битката за здрава животна средина Нуредини бара од сите институции – меѓу кои инспекторите и градоначалниците поажурно да работат за спречување на аерозагадувањето и дивите депонии, во спротивно најави дека ќе им ги одземе ингеренциите.