Македонија 13. јули 2018. / 11:10

Дејмон Вилсон, Атлански Совет на САД: НАТО само си го исполни својот дел, вашето членство зависи од тоа дали ќе се преименувате

Дејмон Вилсон, Атлански Совет на САД: НАТО само си го исполни својот дел, вашето членство зависи од тоа дали ќе се преименувате

„Ова е тежок самит, сите го слушаат претседателот Трамп, ја слушаат неговата реторика и се загрижени. Имаше остри комуникации, и мислам дека во вакви околности одлуката за Македонија е подвиг, барем од наша страна.“

„Членките на Алијансата заедно одлучија да стојат зад својот збор, а тоа е истиот од 2008 година, односно ако има договор за името со Атина, Скопје ќе добие покана за членство. До конечното членство предстои уште работа, а таа работа е пред се ваша.“

„Мислам дека идеата за поубава иднина треба да ги обедини народите од двете држави, Грција и Северна Македонија.“ изјави Дејмон Вилсон, од Атланскиот Совет на САД за РСЕ