Македонија 10. јануари 2021. / 18:21

Дефект во Општина Росоман, околу три илјади жители без вода

Дефект во Општина Росоман, околу три илјади жители без вода

Без вода и понатаму остануваат околу три илјади жители на Општина Росоман поради дефект на водоводна линија кој се случил утринава.

– Во соработка со ЈП „Комуналец” од Кавадарци, одделение за водовод, поради лошите временски услови во текот на денот, немаше можност за интервенција. Поради тоа известуваме дека санацијата на дефектот ќе се врши во текот на утрешниот ден и тоа со рачно расчистување и ископ на самиот дефект. Заради навремени и точни информации ќе бидете навремено известени. Се надеваме дека во текот на утрешниот ден водоснабдувањето ќе биде нормализирано, стои во објавата на Фејсбук страната на општината Росоман.

Почитувани,
Во соработка со ЈП “Комуналец” од Кавадарци, одделение за водовод, поради лошите временски услови во текот…

Posted by Општина Росоман (официјална страна) on Sunday, January 10, 2021

 

Директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Росоман”, Гоце Величковски, претпладнево за МИА рече дека без вода се жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци. Се работи за дефект на главната водоводна линија за Росоман, под фабриката Дрекслмаер.