Македонија 18. April 2019. / 11:06

Давитковски до министерот Манчевски: Реформи се прават на почеток од мандатот не на крај

Давитковски до министерот Манчевски: Реформи се прават на почеток од мандатот не на крај

Во вчерашната емисија „Печат на неделата“ гостуваше Борче Давитковски кој на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски му порача дека реформи се започнуваат на почеток од мандат на владата, а не на крај.

Примената на закони кај нас односно волјата на секоја власт е дали сака тие закони онака како што е напишано во реалниот живот да се спроведуваат. Тоа е кај нас проблемот. На пример догодина е изборна година, им истече мандатот, секој пат барем светските искуства, демократските земји значи кога ќе се дојде на власт веднаш се почнува со реформи, ако нешто се сака, бидејќи тоа е и во програмата. А, не на крај на мандатот. Сега веќе сме на крај, мислам се ова што ќе биде нема никаков ефект, изјави Давитковски.