Македонија 17. декември 2019. / 22:34

Давидовиќ: Невозможно е Владата да се става над законодавната и судската власт

Давидовиќ: Невозможно е Владата да се става над законодавната и судската власт

Во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Ѕвонко Давидовиќ кој што посочи дека долго време граѓаните од власта не видоа никакви реформи, ни обид да се направат сериозни реформи во правосудството.

Давидовиќ додаде дека е потребно прочистување во правосудниот систем. Кој ќе биде зборот кој ќе се употреби е сосема небитно. Потребни се јасни позиции и да се знае што се сака.

Не треба ние од неколку луѓе да го проветриме судството, не треба можеби од никого да го проветриме, но треба да го провериме работењето на секој судија поединечно. И да видиме зошто и на кој начин се решени така предметите, на кој начин е дојден како судија и на кој начин напредувал, како е оценува и зошто така е оценуван, истакна Давидовиќ.

Давидовиќ образложи дека не е ни посочено од власта кој орган ќе го спроведе тој ветинг. Не може извршната власт не може да го спроведува. Очигледно е дека тука има измешано работи.

Извршната власт тука се ставила над другите, над законодавната и над судската. Пратениците служат како луѓе кои што само дигаат рака и ги спроведуваат партиските потреби за определени закони, нагласи Давидовиќ.

Давидовиќ појасни дека извршната власт повикува и кажува дека ќе спроведе ветинг во судството, а, тоа е невозможно.