Ни најголемата демократија во светот, САД директно не субвенционира компании кои ќе примат афроамериканци или хиспанолци, изјави вчера во гостување на „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, професорот, Жидас Даскаловски.
Во старт, ваквиот однос на државата кон одредена заедница е дискриминаторски.
Во однос на најавата дека од македонскиот буџет ќе се субвенционира вработување на припадници на малцинствата и во приватни фирми, Даскаловски вели:
Без попис сега веќе тие политики кои ги носите не се на научна основа, тоа е првиот коментар кој што го имам во врска со предлогот вчера даден од Артан Груби. Невообичаено е на тој начин да се регулира материјата, она што постои во САД е тоа да во одредени ситуации на јавни тендери приватни фирми добиваат повеќе поени ако составот на работниците е од мешан карактер од расна, кај нас би било по етничка линија. Значи доколку фирмата има повеќе афроамериканци, латиноси тогаш во одреден сегмент на бодувањето добиваат повеќе поени. Никогаш не станало случај да се меша приватниот сектор со директни субвенции, посебно со вработување на одредена заедница. Така да и од тој аспект е крајно невообичаена оваа предлог мерка.