Македонија 03. јануари 2021. / 15:40

Даниловски за вакцината: Одлучете вие – тројца починати или шестмина со алергии

Даниловски за вакцината: Одлучете вие – тројца починати или шестмина со алергии

Епидемиологот Драган Даниловски и порача на јавноста дека без вакцинирање против Ковид-19, прашање на време е кога неимунизираниот граѓанин ќе заболи од вирусот.

Тоа е заклучок од здравата логика. Кога тогаш, било кој граѓанин не може да не дојде во контакт со вирусот, кога тогаш ќе го добие, тој е ендемски распространет, вели професорот во вестите на Канал 5.

Или вирус, или вакцина, трето нема – порачува тој.

Смртноста кај нас е три отсто. Од 100 инфицирани тројца задолжитечно ќе умрат, додека од 100 инфицирани само шест ќе покажат алергиски последици. Па сега видете вие – тројца починати или шестмина со алергии, порачува тој.