Македонија 19. јануари 2021. / 18:41

Даниловски: За два месеци треба да имаме колективен имунитет

Даниловски: За два месеци треба да имаме колективен имунитет

Во моментов имаме стагнација на кривата на заразени, но сепак нови поголеми пикови од продолжувањето на работното време на угостителските објекти не би требало да има, вели професор д-р Драган Даниловски, објави Канал 5.

Според него, за два месеца треба да имаме колективен имунитет на населението добиено по природен пат, но сепак, вакцините се добредојдени за намалување на смртноста. Според епидемиологот Даниловски нема простор за паника од новиот британски сој на вирусот.

Даниловски вели дека не се очекува, но може да има благи пикови поради продолженото работно време на кафеаните. Тој најавува дека за 100 дена би требало да го достигнеме прагот на природен колективен имунитет, но сепак со вакцината ќе се намали смртноста.

Доктор Даниловски вели дека во последните недели нема регистрирано нови мутации на коронавирусот и дека нема простор за паника од новиот британски мутиран сој на вирусот.