Македонија 24. октомври 2020. / 16:05

Даниловски: Собранието побргу да ги донесе рестриктивните мерки

Даниловски: Собранието побргу да ги донесе рестриктивните мерки

Даниловски Драган, еден од врвните епидемиолози во земјава, ги повика пратениците побргу да го направат Собранието функционално и навреме да се изгласаат измените од Законот за заштита на населениото од заразни болести со што ќе стапат на сила рестриктивните мерки предвидени во справувањето со коронавирусот.

Тој додаде дека евентуалниот полициски час или карантин налик на оној велигденскиот нема да го има потребниот ефект, доколку не се практикуваат построгите мерки кои Владата ги испрати во Собранието, но политичките партии долго време не можеа да се договорот.

– Такви рестрикции може да се повторуваат само одвреме навреме, затоа морам да апелирам собраниската процедура да заврши што побрзо во интерес на сите, апелираше професорот по епидемилогија денеска во изјава за „Телма“.