Македонија 10. април 2020. / 19:46

Данаиловски: Битно е колкав е бројот на хоспитализирани од коронавирусот, а не вкупниот број

Данаиловски: Битно е колкав е бројот на хоспитализирани од коронавирусот, а не вкупниот број

Докторот Драган Данаиловски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека најрелевантен е бројот на хоспитализирани од корона вирусот, а не вкупниот број на позитивни.

Досега добро се носиме. Со надеж дека ова мерки што сега ги носиме ќе вродат со плод, за да не се соочиме со поголем број. Но, мислам дека засега е добро. Овие рестриктивни мерки, ги викам средновековни мерки зашто се користиле со чумата во Европа, се нужно зло. Со тоа неизбежно мора да дојде до намалување на ширењето. Најрелевантен податок е борјот на хоспитализирани. Оние кои се бориме за да бидат помалку за да не дојде до оптоварување на здравствениот систем. Без разлика колку се вкупно позитивни, битно е колку ќе биде бројот на хоспитализирани, смета доктор Данаиловски.