Македонија 06. ноември 2019. / 10:57

Дали специјалецот Спасов глумел дека е болен за да не биде во затворот во Идризово и да избега?

Дали специјалецот Спасов глумел дека е болен за да не биде во затворот во Идризово и да избега?

Обвинителството по допрен глас отвори предистражна постапка за случајот со бегството на осудениот специјалец, Игор Спасов. Од ОЈО за МКД.мк информираат дека се испитува дали постои кривична одговорност во врска со решението за прекин на издржување на затворската казна за бегалецот Спасов.

Осудениот специјалец согласно Законот за извршување на санкции за периодот за кои го побарал и му бил одобрен прекинот на издржување на затворска казна е покриен со медицинска документација, но ќе треба да се утврди дали документите се веродостојни, како и дали се појавил на операција и дали навистина му бил извршена хируршка интервенција.

Основното јавно обвинителство Штип по допрен глас испитува постоење на евентуална кривична одговорност во врска со донесеното решение за прекин на издржување на затворската казна за осудениот Игор Спасов. Дадена е насока за проверка на лекарската документација и постапката во која е донесено решението, соопштуваат од обвинителството.

Специјалецот Игор Спасов на 18 минатиот месец кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појави во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

Тој датум беше последен до кога Спасов имаше оправдано отсуство од затворот во Идризово. По ова на барање на судот во Штип, МВР по него распиша централна, па меѓународна потерница.