Знам дека тоа што ќе го напишам, а веројатно и многу ретко некој ќе го прочита до крај, ништо нема да им значи на многумина, но сепак…
пишува: Марјан НИКОЛОВСКИ
Има една совршена книга напишана од еден македонски автор, во која главниот актер се обидува да ја пронајде својата искрена личност и посветеност кон јавните задолженија, но откако му се случува невиден крах, за кој тој можеби воопшто и не е виновен. Или пак е виновен, токму поради општеството. Но, тоа олицетворение на општеството од таа книга, воопшто не е променето до денеска и тоа од времето кога авторот го опишува тој прадокс. Не само во Македонија, туку парадоксот е до тој степен надреалистички што и општествата на најсовремените демократии, денес во овој свет на слободата, го немаат поединецот со ниту минималниот капацитет да се пронајде себе во општествената матрица.
Светските демократски општества, во изминативе не цели два месеца, покажаа исклучително висок капацитет на одданост кон режимите, отколку што тоа го манифестирале и највредните слуги на авторитатизмот. Тоа е исклучителен феномен за набљудување, од кој лесно може да се исцрта интелектуланиот слој на современиот човек во овој најмодерен век, веројатно на крајот од историјта на светот.
Како изгледа тој човек? Како фигура прилагодена на општото мнение, извајана од идеален пластелин, кој во критични моменти мора да размислува идентично како општата маса. Замислете најсовршеното човеково суштество, кое во идеални услови е програмирано да ја користи слободата како сенс за секое негово задоволство како што ќе му посека организмот, во услови на криза се трансформира во робот на оштествените маси кои функционираат од една точка.
Парадоксот на Драшко е олицетворение на сушината од неговата неиделна форма, обремената од стравот за својот материјализам и полтронството кон институционализмот како форма на спас. Денес таа форма на некаква општествена одговорност, која мора да се запази, за да се биде во сршта на збиднувањата, се манифестира и до степен да се биде прв кој ќе ја соопшти веста во структирите на системот, за да се биде општествено влијателен и одговорен, или како што тоа се нарекува полтрон на општеството, занемарувајќи го сопственото делување на сопствената бунтовна личност која сте ја манифестирале кога се било во линија на нормалното функционирање на системот. Иако тоа во обичната логика на здравиот разум се нарекува шлајм на вредности, сепак во реал-животот тоа веројатно е прагматизам за опстанок.
Ова мое размислување е водено од суштината на човековата личност во вакви кризни состојби, наспроти општата декларативност на човекот, која не соодвествува со неговите животински инстикти.
Читам многу реномирани светски, а водени од нив и домашни авторитети, па се до обични социјалстрим рољи, кои објаснуваат како оваа корона криза не вратила кон она што сме го демек загубиле – човечноста, љубовта, саможтвата, хуманоста, духовноста, семејни вредности, почит… Воодушевени од приказните за поддршка и помош на некои таму поединци, аплаудираат виртуелно ширејќи некаков оптимизам за еден поинаков свет. Задоволни од својот прагматизам, забораваат на својот претходен статус во кој, задоволувајќи ја суетата на властите, стигматизирале се и сешто и тоа во одбрана, нели на општото добро за сите.
Да Ви кажам нешто. Не! Оваа корона криза нема да направи подобар човек од човекот кој до вчера го познававте. Оваа корона криза ќе го извади на површина ѕверот на себичноста, ќе ја разбуди ламјата на омразата, ќе го впие змијскиот отров на бесчувствителноста како механизам да одбрана. Овој човек по оваа криза ќе постание олицетворение на злото, инкарнација на општествената осуда и лојален слуга на системите. До кога? Додека не се најде на другата страна – жигосан дека не успеал да се одбрани од заразата.
Човековите вредности за кои сметаме дека сме ги изгубиле се враќаат само во нормална форма на општествено функционирње и тоа преку духовна саможртва и човекољубие, кое за жал денес е познато само уште во црковните псалми и стихови.
Затоа не барајте го човекот во оваа криза затоа што и со илјадници фенереи во рака нема да го пронајдете. Не барем со формата на одговор што светот ја смилси како начин за излез од оваа криза. Ако овој светски одговор што се практикува продолжи, тој многу лесно ќе се претвори во бумеранг… И се ова може на крајот од денот да заврши со првата светска капиталистичка револуција…
И судбината на Пиколомини беше предодредена од неговиот план за спас на сите…
За среќа, некои веќе почнуваат да сфаќаат…
(фејсбук статус на новинарот)