Македонија 13. април 2020. / 14:59

Итно да се процени функционалноста на болницата во Куманово, бара Кризниот штаб

Итно да се процени функционалноста на болницата во Куманово, бара Кризниот штаб

Кризниот штаб на Куманово бара да се направи итна проценка и да се согледа функционалноста на Општата болица – Куманово и одделите поради новонастанатата ситуација со персоналот којшто е заразен со корона вирус.

Бараат и да се даде приоритет на тестовите за сите земени брисeви на територијата на општината, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаат дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

На состанокот на Општинскиот штаб беше апелирано до граѓаните да не фрлаат смет на места каде што не е дозволено, а градската депонија „Краста“ да не ги наплаќа услугите на граѓаните кои самоиницијативно ќе одлагаат поголеми количини на смет.

Исто така, заради зголемена потрошувачка на водата за време на викендите и намалување на притисокот на вода, бараат граѓаните рационално да ја користат водата и да не се врши наводнување на дворовите и бавчите, да се перат возила од водата на градски водовод.