Македонија 02. јули 2020. / 11:25

Д-р Вело Марковски: Потребни се години за производство на безбедна вакцина против Ковид-19

Д-р Вело Марковски: Потребни се години за производство на безбедна вакцина против Ковид-19

Најавата за вакцини пред да поминат минимум две години сигурно е водена само од мотив за брза заработка, и ги потврдува теориите на заговор дека испитување и производство на вакцина е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со КОВИД-19, вели Д-р Вело Марковски во интервју за Фактор.

„Процедурата за производство на безбедна вакцина трае најмалку две години. Предходно треба да се изолира стабилен вирус, да се изанализира дали истиот вирус, пример САРС ков-2 вирусот е со истите генетски карактеристики во целиот свет, да се утврди кој дел од вирусот е носител на патогеноста, односно да се откријат патогенетските механизми и начинот на оштетување на организмот од страна на вирусот.

Понатаму треба да сме сигурни дека истиот вирус ќе остане и за следната сезона за да евентуално има дејство вакцината. После тоа треба да се произведе успешна вакцина (за многу вируси со децении се пробува да се направи вакцина но, обидите се неуспешни, како што е примерот со ХИВ). Откако евентуално би се произвела добра вакцина треба да се направат бројни клинички студии за да се докаже дека таа вакцина предизвикува создавање на заштитни антитела во човековиот организам, како прво, а како второ дали дали тие антитела спречуваат инфекција од истиот вирус. И целата оваа процедура и кога би било се идеално и кога би се следеле сите овие чекори би траела со години. Затоа, очекувањето и нестрпливоста од страна на публиката (народот), а наметната како единствено решение кое треба час поскоро да се прифати за излез и од пандмеијата со КОВИД-19 е опасно. Многу опасно, стотици пати поопасно од самиот вирус КОВИД-19“, вели Д-р Марковски.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.