Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски, во гостувањето во Дневникот на Сител вели дека сега за сега оние кои го прележале Ковид-19 се многу имуни.
-Имунитетот е многу солиден. Податоците за тоа колку е солиден се многу попозитивни сега од пред два-три месеци. Ако тогаш имаше некои дилеми, колку долго траат антителата, колку е ефикасна заштитата, сега веќе тоа не е спорно. Имунитетот е солиден и трае неколку месеци. Неколку месеци бидејќи се поминати неколку месеци како се анализираат податоците. По шест месеци можеби имунитетот уште ќе биде тука, не сме сигурно, појаснува д-р Петличковски.
Според него, научниците сега се сигурни дека имунитетот трае минимум шест до седум месеци.
-Тој не се остварува само преку антителата, бидејќи е можно. Потврдени се многу случаи каде што антителата не се зголемени, а индивидуата е имуна поради други имунолошки механизми, вели Петличковски.