Доктор Никола Пановски тврди дека состојбата со епидемијата во Македонија е веќе испуштена од контрола.
Д-р Пановски вели дека не требало да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители.
Бидејќи Комисијата за заразни болести тврди дека ја има ситуацијата под контрола, треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја зграда или куќа во која има кластери, да се контролираат тие места – порачува д-р Пановски.