Македонија 21. септември 2018. / 12:01

,,Д-р Пановски” склучил договор во четири очи за набавка на лекови со Клиниката за радиотерапија и онкологија

,,Д-р Пановски” склучил договор во четири очи за набавка на лекови со Клиниката за радиотерапија и онкологија

Клиниката за радиотерапија и онкологија на 17-ти септември склучила договор во 4 очи за набавка на лекови со веледрогеријата Д-р Пановски, пишува Република.

На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и во овој како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на лекови преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 3.024.000 денари односно околу 50 илјади евра.

 

 

 

 

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во четири очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.