Тоа што можеше да се направи – некаков карантин, за тоа беше одбиена Комисијата (за заразни болести – н.з.) дури иза навечер, па сега не гледам логика да се прави откако сè се прошири. Тогаш рекоа дека е невозможно во Чаир, Сарај, не знам каде, а ако е невозможно таму, секако дека е невозможно во цел град Скопје да се направи карантин, особено со овој број (заразени), изјави микробиологот Никола Пановски за ТВ Сител.
Гледаме дека на семејните забави сè уште се сликаат, а замислете колку има што не се сликаат и не обелоденуваат. Тоа е страшно. Тоа што си го правиме самите на себе е самоубиство. Треба да се најде законска можност да се спречат овие собирања и тие што се собираат веднаш да бидат однесени во државни карантини две недели. Значи, така како што се собрани топтан да одат во државен карантин на сопствен трошок. Еден ден работа е тоа законски да се направи. Ако сакаме, додаде Пановски
Д-р Пановски: Гледаме дека на семејните забави сè уште се сликаат, а замислете колку има што не се сликаат и не обелоденуваат, сами си правиме самоубиство
