Македонија 13. јуни 2020. / 16:15

Д-Р Николов: Нелекарскиот и непрофесионален пристап на Комисијата нè стави во друштво со Либија, Ирак и Суринам

Д-Р Николов: Нелекарскиот и непрофесионален пристап на Комисијата нè стави во друштво со Либија, Ирак и Суринам

Откако светски угледниот весник „Њујорк тајмс“ ја рангира Македонија при врвот на листата земји во светот со најбрзо растечко ширење на Ковид–19, заедно со Ирак, Либија и Суринам со реакција во јавноста излезе челнот на ИК на ВМР-ДПМНЕ, Игор Николов.

Д-р Николов вели дека поради желбата да му се задоволи и удоволи на Зоран Заев, нелекарскиот и непрофесионалниот пристап на Комисијата за заразни болести нè ставил во друштво со Либија, Ирак и Суринам.

Задоцнетите мерки, прераното олабавување на истите, лошиот пристап со справувањето со епидемијата од страна на удоволувачите на СДСМ нè донесоа во ситуација како држава да го живееме вториот пик и тоа во јули. Неодговорноста на двоецот Заев и Филипче, несоодветните мерки, допринесе од 1 јуни до 12 јуни да имаме зголемување на бројот на заразени за скоро 1.480 наши сограѓани, бројот на активни случаи да се триплира, а бројот на починати да порасте за 38 повеќе. Имено од почетокот на дијагностицирањето на Ковид 19 во Македонија до 30 мај се регистрирани 2.164, а од 1 јуни до 12 јуни дополнителни 1.480 случаи – потенцираНиколов.

Тој додаде дека тоа е пораз на здравствените политики и пораз за Комисијата за заразни болести, која им удоволува на Заев и Филипче и нивниот политикански, политички, а не лекарски пристап.

За само 12 дена бројот на заразени се зголемил за повеќе од половина. Власта е целосно неспособна и не знае и не може да се справи со ситуацијата. Потребен е професионален и експертски пристап. Македонија тоне со СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија – порача доктор Николов.