Македонија 31. јули 2020. / 10:51

Д-р Митов: Пронаожењето вакцинат е еден многу сериозен процес од најмалку шест месеци

Д-р Митов: Пронаожењето вакцинат е еден многу сериозен процес од најмалку шест месеци

До пред неколку недели се поставуваше прашање дали ќе имаме вакцина, но сега таа неизвесност веќе ја нема. Според СЗО над 140 кандидати за вакцина се во фази на обид.

Во првата фаза кога се тестира безбедноста во многу мали групи има 17 кандидати, уште 13 во втората и 5 во третата која е и последна фаза.

Многу оптимистички најави имаме и од Кина, Русија, Велика Британија но и САД. Така што имаме четири сериозни кандидати каде што се подготвуваат милијарди вакцини и прогнозите се дека во почетокот на 2021 година би почнало масовно тестирање. Ако е така, а се повеќе доказите одат во тој правец се чини дека оваа состојбата ќе трае само една година – вели за „Утрински брифинг “ на „Слободна ТВ“, д-р Александар Митов.

Тој објаснува дека пронаожањето вакцина е сложен и долготраен процес што мора да се темели на многу внимателен и темелен истражувачки процес.

Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар. Значи не е преку ноќ, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци. Сериозноста на овие фази не треба да биде доведена во прашање. Станува збор за илјадници тестирања кај животни, илјадници испитувања и тестирања кај луѓе.

По однос на процентот на население кое е расположено против вакцините е инзвонредно мал, низок број на население. Но гласноста по социјалните мрежи на тие луѓе остава впечаток дека групата е голема. Во моментов кандидатите за вкцини зборуваат за создавање имунитет за над 90% од случаите кај што била пробана вакцината. Како што ќе зема замав вакцината и кај луѓето ќе расте свесноста – вели д-р Митов.