Македонија 26. октомври 2020. / 09:47

Д-р Даниловски: Карантин од две до три недели би го спречил есенскиот бран на корона, но би довел до социјална и економска катастрофа

Д-р Даниловски: Карантин од две до три недели би го спречил есенскиот бран на корона, но би довел до социјална и економска катастрофа

Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, ќе се случи невработеност, па и глад, да не бидам патетичен, проблеми со менталното здравје, ќе се соочиме и со епидемии од друг вид. Не смееме да дозволиме мерките да предизвикаат поголема штета од проблемот заради којшто се преземаат и затоа мораат да бидат дозирани -вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски во интервју за Канал 5.

Клучот за „спас“ е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, додава Даниловски.

-Капацитетите на болниците ќе се прошират, ама, дали, за еден месец од сега, ако заразата се шери со исто темпо, ќе има кој да ги лекува болните е отворено прашање, вели Даниловски.