Македонија 02. јуни 2020. / 12:02

Д-р Чибишев: Поради ПиАр експериментот на СДСМ сите прогласуваат победа, а ние се бориме за опстанок

Д-р Чибишев: Поради ПиАр експериментот на СДСМ сите прогласуваат победа, а ние се бориме за опстанок

Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени и починати пациенти драматично се зголемува а власта на чело со СДСМ и нивните експоненти, си играат предизборна кампања, пишува на Фејсбук доктор Андон Чибишев.

Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Трпеливоста и дисциплинираното однесување на граѓаните е фрлено во калта. Сега сите гледаат дека од слоганот „Слушај го Венко“ и аплаузите немало никаков резултат. Кризата излегува од контрола, притисокот на здравствениот систем и институциите е се зголемува, економијата тоне, животот станува се потежок.

Господа, Вашата неискреност и ПР експериментите не доведоа во ситуација кога сите прогласуваат победа ние да се бориме за опстанок“ – реагира д-р Чибишев.