Ганка Цветанова, професорка и поранешна министерка култура на земјава во Владата на Љупчо Георгиевски, вчера се огласи преку Твитер со индиректна порака до министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
„Кажете и на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, потпишан во 2002 година, од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси.За програмата и работата на бугарскиот културен центар и колку истиот успеал да им ја претстави и доближи бугарската култура на македонските граѓани, одговорноста во целост ја сноси бугарската дипломатија и надворешната политика“, напиша Ганка Цветанова.
Кажете ѝ на @EZaharievaMFA дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка помеѓу🇲🇰и 🇧🇬 потпишан во 2002 г. од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси. https://t.co/FpAsAc31Ss
— Ganka Cvetanova (@gankacv) February 3, 2021