На воениот аеродром во Скопје денеска пристигнува донација од заштитен здравствен материјал од турската Црвена полумесечина наменета за Црвениот крст на Република Македонија.
Од Турската амбасада најавуваат дека донацијата ќе пристигне со воен карго авион на Военото воздухопловство на Република Турција.
Донцијата ќе биде предадена на Црвениот крст на Република Македонија.