Македонија 19. март 2020. / 19:03

Црвен крст Куманово воведува телефонска линија за психолошка поддршка

Црвен крст Куманово воведува телефонска линија за психолошка поддршка

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово од утре ја става на располагање телефонската линија 076/787- 412 секој ден од 10 до 16 часот за прва психолошка поддршка за сите граѓани од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Лицата кои ќе се обратат ќе можат да добијат психосоцијална поддршка – изјави секретарот на општинската организација, Бојан Петрушевски.

Екипите на кумановскиот Црвен крст се вклучени и во општинската асистенција за набавка на намирници и лекови за болните и немоќни кумановци. Оваа опција функционира од пред извесен период и можат да ја користат повозрасните кумановци кои не можат самите да обезбедат храна и лекови. Тие можат да ја побараат услугата со телефонско јавување по што задолжените екипи се упатуваат го земаат списокот со намирници и лекови и купуваат во најблискиот маркет или апетка и со фискална сметка ги доставуваат до оваа категорија корисници на услугата.