Македонија 18. септември 2018. / 09:56

Црногорците по основ на кредити должат 1,2 милијарди евра

Црногорците по основ на кредити должат 1,2 милијарди евра

Според податоци на Централната банка на Црна Гора, долгот на граѓаните на таа држава по основ на кредити е 1,2 милијарди евра.

Експерти наведуваат дека во просек секој жител на Црна Гора е задолжен со околу 2.000 евра.

Во Црна Гора најчесто се земаат потрошувачки и станбени кредити, потврдуваат од Централната банка.

Бројот на кредити за физички лица на крајот на јули оваа година во однос на јули лани е зголемен за повеќе од 12,5 отсто. Во однос на крајот на 2017 година зголемувањето е 8,64 отсто. Според економски аналитичари, тој податок во врска со кредите укажува дека во државата банките добро работат и ниту една не е во стечај или ликвидација.