Црн Дрим се дави во ѓубре. Најлоша состојбата е на влезот на Струга кај ромската населба, но продолжува и кон нејзиното понатамошно течение. Деновиве реката со себе носеше пластични пишиња, биолошки и растителен отпад.
И на дното може да се забележи најразличен вид на ѓубре – од керамички плочи, до пластика. Граѓаните бараат поголема грижа од институциите. Велат дека од некогаш најчиста река, Црни Дрим денес е една од најзагадените.
-Ние како граѓани сами треба да сме свесни што треба да се прави. И ние како граѓани сме виновни бидејќи и ние самите треба да водиме малку повеќе грижа што фрламе исто како и надлежните органи- велат граѓаните на Струга за Алсат М.