Македонија 20. март 2020. / 14:19

Чулев: Во Македонија има 3.787 луѓе во изолација

Чулев: Во Македонија има 3.787 луѓе во изолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференија соопшти дека во изолација се наоѓаат 3.787 лица во земјава, од кои 1.088 се во Скопје.

Министерот информира дека МВР поднело 39 кривични пријави против 47 сторители поради непочитување на пропишаните мерки за заштита од корона вирусот. Извршени биле вкупно 390 контроли.

Под здравствен надзор земјава има 349н луѓе, а 215 од нив се во Скопје.

Чулев информира дека се уште не се размислува за воведување кризна состојба во Скопје како во Дебар, а таа одлука треба да ја донесе Владата.

Минисерот додаде дека ситуацијата се контролира со зголемен број на полициски службеници, а зголемениот број на откриени случаи во Скопје е резултат на тоа што повеќе граѓани самоиницијативно се тестираат во приватните болници.