Македонија 11. април 2020. / 14:20

Чулев ги посети полицајците во Велес: Ги преземаме сите мерки за заштита на вработените

Чулев ги посети полицајците во Велес: Ги преземаме сите мерки за заштита на вработените

Здравјето и животот на полициските службеници е од исклучителна важност за мене како министер, но и за целото раководство на Министерството за внатрешни работи, напиша на својот фејсбук, Наќе Чулев, кој денеска ги посети полицајците од СВР Велес.

Во таа прилика, Чулев информираше дека од страна на МВР завршена е постапката за набавка на соодветна заштитна опрема и средства која вклучително со опремата што е добиена од донација е ставена на целосно располагање на полициските службеници.

-Апелирав до нив опремата соодветно и редовно да ја употребуваат при извршување на секојдневните работни задачи и обврски, а со тоа да дадат и сопствен придонес и грижа за своето здравје, напиша Чулев.