Двете наши граници јужната и северната будно ги следат припадниците на граничната полиција во соработка со припадниците на нашата Армија и полиции на други држави поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Турција и можната опасност од нов бран бегалци од Сирија, потенцира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
– Ние будно го следиме процесот и доколку има потреба и сега сме многу подобро подготвени и материјално – технички и кадровски за попречување на влез на нов бран емигранти, нагласи министерот Чулев.