Новинарот Цвети Чилиманов во гостувањето на Радио Лидер рече дека нема шанси во Македонија да се спроведе попис, а тоа да не дел од некаков политички договор.
„Имавме убав политички систем во кој имавме две македонски политички партии и две албански и тие не си се мешаа едни на други во теренот, знаеа кој каде настапува и потоа коалицираа победниците. Сега имаме ситуација каде што СДСМ свесни дека недоволен број македонци се спремни да ги гласаат, се свртеа кон албанските гласачи за да ја надополнат таа бројка. И веќе нема шанси, додека се тие на власт нема теорија да се спроведе легитимен, реален, разумен попис во којшто ќе дојдеме до некоја јасна претстава колку луѓе во Макдонија реално живеат“, рече Чилиманов.
Тој смета дека СДСМ апсолутно има приоритет да ги легализира што е можно поголем број како што рече, фиктивните, фантомски гласачи коишто реално се државјани односно граѓани на Албанија, пред се на Косово, а реално се резиденти на Швајцарија, Германија, Белгија.
„СДСМ нема шанси да дојде до реален, прочистен попис“, потенцира Чилиманов.