Претходниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, кој е познат по скандалот со бонусите од неколку илјади евра за членовите на ДИК, конкурирал за управен судија.
Неговото име денеска беше прочитано на седницата на Судскиот совет, како еден од купот кандидати кои положиле компјутерски вештини и може да оди понатаму во изборот, пренесе СДК.МК.
Членовите на ДИК, заедно со претседателот Чичаковски, си поднесоа оставки откако на 4 декември 2017 Џес Бејли откри дека си дале дополнителна плата за четири дополнителни месеци.
По скандалот Александар Чичаковски средствата од бонусот за локалните избори во износ од 260.000 денари рече дека ги донирал во граѓанската организација „Полио плус – Движење против хендикеп“.