Македонија 08. мај 2019. / 17:28

Четворица заразени со морбили во критична состојба

Четворица заразени со морбили во критична состојба

На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 лица заразени од морбили, од кои четворица се во критична состојба.

Вчера имаше пет нови прегледани пациенти со морбили, а двајца се примени на болничко лекување. Во животозагрозувачка состојба е 16- годишната пациентка со церебрална парализа и масивна пневмонија. Во потешка состојба на одделите има тројца возрасни, информираат од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На Детска клиника бројките се малку подобри. Десет доенчиња се лекуваат болнички, но ниту едно не е во критична состојба, потврдија од клиниката.