Македонија 17. септември 2020. / 13:22

Четворица новозаразени со Ковид-19 во Кавадарци

Четворица новозаразени со Ковид-19 во Кавадарци

Четири нови случаи позитивни на Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

– Станува збор за четворица кавадарчани на возраст од 36 до 60 години. Три од новозаболените се лица од женски, а едно од машки пол. Сите имале симптоми, а само две лица изјавија дека биле во контакт со претходно позитивно лице на коронавирус. Четворицата се со лесна клиничка слика, на домашно лекување, појасни Јовановски.

Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.