Четиригодишно девојче од Штип е најмладиот заболен од корона вирус во Македонија.
Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, девојчето учело во градинка во Англија, каде што имало заболени од Ковид-19.
Семејството се вратило во Македонија на 14 март и според нивното кажување, од тогаш биле во самоизолација. Тие вчера се јавиле во инфективното одделение на Клиничката болница во Штип, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. Сега во инфективното одделение девојчето е сместено со мајката, а се проширува епидемиолишката анкета и ќе се земат дополнителни брисеви и материјали од луѓе коишто можеби биле поврзани со нив – изјави Филипче
Освен девојчето во Штип, прв случај на заболен од корона вирус има и во Гостивар каде што е заразена жена што дошла од Швајцарија.
По враќањето, жената била во самоизолација и сама се јавила на тестирање, при што кажала дека била во контакт со заболен во Швајцарија. Исконтиктирани се сите членови на нејзиното семејство и се бара дали треба уште некој да биде вклучен во скринингот за потенцијално тестирање – изјави Филипче.
Три нови случаи има во Дебар каде што се забележани три нови случаи, коишто се поврзани со првата група заболени во градот, а еден нов има и во Скопје, каде што заразен е пациент што имал контакт со еден од претходните дијагностицираните во изминати два дена.
Со овие шест нови случаи, вкупната бројка на заразени во Македонија се искачи на 48.
Министерот информира дека во моментов се тестираат 35 пациенти, како и дека сите пациенти се во стабилна состојба со непроменета клиничка слика.