Македонија 28. март 2019. / 10:05

Четири стана и четири автомобили: Еве што пријавил претседателот на Врховен суд во анкетниот лист

Четири стана и четири автомобили: Еве што пријавил претседателот на Врховен суд во анкетниот лист

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) вчера соопшти дека ќе ги проверува и анкетните листови на судии. Меѓу нив е и актуелниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Во анкетниот лист (кој може да го видите ТУКА) Вангеловски кој е достапен на страната на Комисијата стои дека има заеднички имот 4 стана во Скопје. Поседува „мерцедес бенз“, а како заеднички имот пријавил уште три возила, „лексус ИС“, „тојота селика“ и „крајслер кросфајер. Пријавил и деловен простор, земјоделско земјиште, акции, дивиденди, часовници Картие, закупнина, кредити…