Четири нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешко во последните 24 часа, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Од новозаболените случаи, три се од Кавадарци, а еден од Неготино.
Новозаразените се од двата пола и на возраст од 26 до 62 години. Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се утврдуваат контактите што ги имале, со цел нивна изолација.