Македонија 06. јануари 2019. / 18:23

Честитка од Ахмети по повод Божик

Честитка од Ахмети по повод Божик

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка со која на сите православни верници им го честита Божиќ.

– Ми претставува особено задоволство, во мое име но и во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција, да ви го честитам големиот празник Божиќ со најискрени желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во вашите домови и за вашите најмили.
Славењето и одбележувањето на раѓањето на  надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно, напиша Ахмети.

Тој во честитката додаде дека ги посакува сите благодети и е уверен дека заедништвото го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција.

– Празниците како Божиќ не потсетуваат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина, напиша лидерот на ДУИ.