СДСМ утре ќе организира марш од пред Собранието до Судот, ова денеска на прес-конференција го најави претседателот на партијата, Зоран Заев. Маршот, рече тој, ќе биде под слоганот „Чекориме за прада“.
-Утре во 18 часот часот пред Собранието ве повикувам на маршот Чекориме за правда. Од местото каде се донесе овој закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници, до Судот. Се гледаме утре пред Собранието. Чекориме за правда!, рече Заев.