Македонија 05. февруари 2021. / 12:20

Чавков: Се до почнувањето на судската постапка никогаш не сум ги сретнал ниту Нинџа ниту Кољо

Чавков: Се до почнувањето на судската постапка никогаш не сум ги сретнал ниту Нинџа ниту Кољо

Денеска за собраниските настани сведочеше поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков.

Тој истакна дека на 27 април 2017 бил директор на БЈБ и дека тој ден не бил невообичаен и оти со работата завршил околу 15 часот по што имал некои приватни обврски.

За Нинџа рече дека го знаел по прекар како дел од криминалното милје, но оти никогаш не го сретнал.

Се до почнувањето на судската постапка никогаш не сум ги сретнал ниту Нинџа ниту Кољо. Не е вистина дека на 27 април тој во тренерка ме видел во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Според законот на физиката не можам да бидам на две места истовремено. Јас бев во канцеларијата во Технометал, каде што имав работни простории од 2016 година – рече Чавков.