Македонија 08. јуни 2020. / 15:46

Чаир со најмногу заразени, а најмалку во Сопиште

Чаир со најмногу заразени, а најмалку во Сопиште

На подрачјето на Скопје денеска се регистрирани 67 новозаразени со Ковид-19. Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.

Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на Ковид-19, од кои во Чаир се 168, во Центар 64, во Бутел 63, во Гази Баба 58, во Аеродром 57, во Сарај 55, во Карпош 45, во Кисела Вода 35, а во Арачиново 23. Следат Студеничани со 19 активни случаи на Ковид-19, Илинден и Ѓорче Петров со по 18, Шуто Оризари со 17, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

Чаир 168, Центар 64, Бутел 63, Гази Баба 58, Аеродром 57, Сарај 55, Карпош 45, Кисела Вода 35, Арачиново 23, Студеничани 19, Илинден 18, Ѓорче Петров 18, Шуто Оризари 17, Петровец 6, Чучер Сандево 3, Сопиште 2 лица.