Централниот регистар на Република Македонија информира дека има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација, согласно член 34-ѓ од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.
Самата контрола, започнувајќи од 07.06.2018 (четврток), ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на Централниот регистар за спроведување на истата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.
Предметот на контрола е регулиран со член 34-е од горенаведениот закон и ќе се однесува на проверка на:
– на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку Системот за е – регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрациониот агент од субјектот на упис,
– на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,
– во постапувањето согласно со членот 82 став (4) од Законот за трговските друштва.