Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА“ предлага од 1 февруари администрацијата целосно да се врати на работа, да нема ротации. Но, Владата не донесува одлука во врска со ова, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој посочи дека Владата им препорачува на институциите во моментот кога за тоа ќе има и мислење од Комисијата за заразни болести.
Хоџа додаде дека на вчерашната владина седница не станало збор за оваа тема бидејќи, како што рече, нема добиено мислење од Комисијата за заразни болести.
На новинарско прашање за сметководителите и нивните барања, Хоџа информира дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања.