Македонија 05. декември 2019. / 19:03

Цел

Цел

Пишува: АХИЛ ГОЛЕМОВ

Некаде во Септември 2015та година се појави наслов ‘ Катица Јанева е најгугланото име денеска’. Цела држава беше изненадена од изборот на Специјален Јавен Обвинител којшто требаше да ги истражува индициите за криминал во нелегално прислушкуваните разговори. Државата беше во еден вид нокдаун. Опозицијата успеа во својата намера да предизвика немир и непредвидливост на македонската политичка сцена. Тогашната власт, иако се уште со огромна поддршка на македонскиот народ, под притисок на меѓународната заедница чија цел беше влез во НАТО по цена на сменето име, влезе во нова фаза, непозната за нив во нивното дотогашно владеење, тотална дефанзива односно класично катанаџо. Катица Јанева добиваше поддршка од сите страни, пристигнуваа честитки од власта, од опозицијата, од меѓународната заедница и од домашната експертска јавност. И покрај обидот да се создаде позитивна атмосфера, кај сите преовладуваше една голема доза на скепса која ја притискаа длабоко во себе бидејќи ‘такво беше времето и амбиентот’. Една мала група на експерти предупредуваа за неуставноста на СЈО и за неспоивоста на таа инситуција со македонскиот правосуден систем. Беа замолчувани како назаден елемент во македонското општество. Класичен пропаганден инструмент на оние на кои им беше потребен СДС, замена на тези. Секој оној кој зборуваше отворено за апсурдноста на постоењето на СЈО беше прогласуван за криминалец кој има некој бенефит од тогашната власт. Откако СДС беа инсталирани на власт во 2017та година , запре секоја критика за СЈО, сите беа замолчувани, сопре секое рационално и разумно размислување како што интелектуалците би размислувале. СЈО тргна во поход кој значеше оцрнување, притворање и репресирање на ВМРО-ДПМНЕ. Целта беше јасна, уништување и омаловажување на партијата која единствено имаше сила да ја спречи промената на името.

Некаде во март 2015та година, неколку месеци пред формирањето на СЈО, осамна веста ‘Модерна вмровска тројка, подготвена да се справи со криминалните стеуктури во партијата’. Веста дека некои поранешни ‘вмровски’ функционери подготвувале пуч во партијата беше примена бурно во македонската сдсовска јавност, а мирно помеѓу вмровците. Разликата беше во тоа што, кај СДС се уште владееше митот за единственоста во ВМРО и секој обид некој да се оттргне од тоа беше еуфорично пречекан од нив. За вмровците ова не значеше ама баш ништо. Тројцата ликови од амстердамската приказна беа невпечатливи опортунисти за кои беше јасно дека немаат никакво влијание нит во македонската политика, нит во ВМРО. Еден од тројцата кои пиеле кафе во Амстердам (впрочем, милиони сме пиеле кафе во Амстердам, ама тоа не било објавено во медиум, нели?), беше Никола Димитров, господинот наднепријател на Македонија. Од сегашна перспектива, единствениот важен лик ид тројцата кафепијачи.

Која е поврзаноста на овие две претходни вести? Тогаш, во 2015та, јавното мислење беше насочено кон руинирање на имиџот на ВМРО, а се она што значеше припрема на терен за промена на името, беше приемано како невозможно. Токму овие две вести од таа 2015та, во наредните неколку години ќе се покажат како клучни вести за уништување на реалноста наречена Република Македонија и создавање на нова држава под името Северна, потклекната пред сите соседни дипломатии, со скршена кичма и наведната глава.

Покрај врвната заедничка цел, уништување на Република Македонија, главните ликови од најважните вести во 2015та, имаа уште една цел, полнење на сопствените џебови. Обвинителите од СЈО, заедно со нивната администрација вработена исклучиво непотистички и по партиски клуч си поделја 15 милиони евра, а Димитраки којшто има искористено 1 милион евра пред да стане Министер, го искористи своето влијание да и додели стипендија од 40 илјади евра годишно на ќерка си, како и да обезбеди вакви или слични бенефиции за свои пријатели и познаници.

Целава операција за промена на дефиницијата за тоа што значи Македонец и уништување на Република Македонија започна многу порано одошто беше обелоденето, а актерите беа врбувани со тешли милиони и задоволување на лични каприци. Не за џабе слушавме предупредувања во текот на декември 2016та ‘да не ни се случи грешка, зашто после тоа нема назад’… Грешката се случи, не во 2016та ами последователно во Октомври 2017та. Враќање во времето назад нема, но има гледање во, и планирање на иднината. 12 Април е во иднината. Да ја исправиме грешката.