Македонија 17. декември 2020. / 09:58

Царовска во посета на Албанија

Царовска во посета на Албанија

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска и утре ќе биде во официјална работа посета на Република Албанија.

Од Министерството информираат дека целта на посетата е да унапреди и интензивира веќе воспоставената соработка во областа на образованието помеѓу двете земји.

За време на посетата министерката Царовска ќе има поединечни средби со албанскиот министер за образование, спорт и млади Евис Куши, како и со пратеникот во албанскиот парламент Васил Стеројвски.