Македонија 30. септември 2020. / 18:17

Царовска го објави ТВ распоредот на часови

Царовска го објави ТВ распоредот на часови

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на својот профил на Фејсбук го објави ТВ распоредот за ученици од прво до деветто одделение.

“Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици”, пишува министерката во својата објава.

“Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови”, пишува понатаму во објавата на Царовска.

“Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се развиваат”, заклучува министерката за образование и наука.