На крајот на секоја календарска година, обичај е да се направи ретроспектива на сработеното и резултатите од истата, па така, кога ќе се земе во предвид целокупното работење за изминатата година, Царинската управа е лидер во неспособнст и корупција за 2019 година.Според истражувањето на Транспарентност Македонија, Царината е на врвот на листата за корупција за 2019 година.
Корупцијата најчесто се јавува во облик на поткуп кај царинските службеници инволвирани во спроведување на царинските постапки. Најголем број на вакви дејствија телефонски и писмено се пријавени од страна на ѓраѓани и правни лица за коруптивни активности во царинските региони Скопје и Битола, во чии рамки спаѓаат голем број на гранични премини, увозно-извозни царински терминали и Меѓународниот аеродром Скопје. Во изминатите години бевме сведоци на повеќе случаи на корупција кои беа објавени во медиумите и на разни интернет портали, меѓу кои е и настанот на Меѓународниот аеродром Скопје каде се изврши поништување на изготвениот записник за цариснки прекршок и враќање на шверцуваната бредирана стока на лицето Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13. Вредноста на запленетата непријавена стока, која потоа му беше вратена на Боки 13, изнесуваше повеќе од 10.000 евра. Царинската управа делеше и тендери на свои вработени така што во 2018 година тендерот за одржување на интегрален информативен систем во износ од 4.000.000 денари го доби сопругот на една од директорките во управата.
Секако, како најголемо промашување на Царинската управа треба да се истакне пуштањето во продукција на, очигледно нецелосно изработениот, систем за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД. Наведениот систем стартувше на 01.07.2019 година и неговото пуштање во употреба доведе до невиден застој во спроведувањето на царинските постапки, со што се предизвикува сериозна штета врз транспортерите и компаниите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки. Стоките за царинење со денови беа блокирани во царинските складови и на царинските терминали поради честото паѓање на царинскиот систем. Од причина што царинските декларации беа заглавени, траспортерите бележеа занчителни загуби, бидејќи нивните возила чекаа со денови, а ладилниците на истите во текот на летниот период беа приморани постојано да работат на високите надворешни температури, како би се одржал потребниот квалитет на храната што се увезува. Царинските складови и понатаму не се поврзани со системот на Царинската управа и за издавање на стоките не добиваат електронски информации дека давачките се платени, а стоките ги ослободуваат со хартиена потврда од Царинската управа која мора лично да се однесе до царнскиот склад, при што исто така се троши значително време и ресурси од страна на цариснките посредници и доведува до дополнително отежнување и времетраење на царинската постапка. Големи реакции се јавуваат и од страна на сметководителите, бидејќи новата испечатена царинска декларација не содржи преглед на поединечните давачки (ддв, царина, акциза и сл.), при што овие лица се соочуваат со сериозен проблем при сметководственото книжење на царинските декларации.
Измина половина година од воведувањето на овој систем, но истиот често паѓа, заглавува и никако да профункционира без пречки, а ваквото работење значително негативно се одразува на учесниците во царинските постапки.
Системот за наплата комплетно потфрли во поврзувањето. Во текот на годината, со саати се чекаше да се појават уплатите за увозните давачки кои ги вршеа правните лица. Доколку се направи и една најмала грешка при уплата, ситемот не ја препознава истата, увозникот е приморан повторно да го уплати во целост истиот износ, а повратот согласно првичната уплата се чека повеќе од еден месец, со што значително се нарушува ликвидноста на компаниите.
Неспособноста искочи на виделина и со донесувањето на новиот Закон за акцизи. Имено, поради неспособноста на раководството во делот на акцизите, примената на законот се одложуваше два пати во текот на 2019 година и наместо на 01.07.2019 година, законот стапи на сила на 01.01.2020 година. Со стапувањето на сила на овој закон настанува хаотична состојба. Царинската управа веќе една недела не успева да ги регистрира акцизните обврзници и имателите на акцизни дозволи, а со тоа компаниите кои не се регистрирани не можат да ги извршуваат своите тековни операции. Системот не ги прифаќа акцизните документи, а на веб страната на Царинската управа стои известување за резервна постапка со примена на хартиена форма. Ништо подобро не и во делот со бандеролите за алкохолни и тутунски производи. Од трговците на овие производи добиваме информации дека системот преку кој треба да се врши издавање на бандеролите сѐ уште не е развиен, а и самите трговци не се дволно обучени како да го користат овој систем, бидејќи Царинската управа досега одржала само една обука, што е навистина недоволно за компаниите да можат самостојно да работат преку овој систем. До кога ќе трае оваа состојба остнува да видиме, а штетите повторно се на страната на македонските компании.
На 01.01.2020 година стапи на сила Законот за данок на моторни возила, кој во декември, заедно со пакет други закони, се изгласа по скратена постапка. Реакцијата на компаниите трговци и увозници на возила не беше ни малку позитивна. Тие сметаат дека носењето на овој закон на крајот на годината, кој предвидува потполно нова методологија за пресметка на давачки, воопшто не е во нивен прилог, бидејќи повеќето однапред ги имаат направено своите порачки за следната година и значително ќе влијае на нивните пресметки и на нивната веќе испланирана бизнис стратегија. Царината го правдаше носењето на ваквиот закон дека е во насока на обновување на возниот парк во земјата, но согласно пресметките за плагин-хибридните возила, кои порано беа ослободени од акциза, сега се воведе данок за моторни возила. Исто така, ќе поскапат и новите дизел возила. Значително ќе се зголеми и цената на новите скапи возила, бидејќи порано максималната акциза по вредност на возило изнесуваше 18%, а сега данокот за моторни возила за истите изнесува 20% плус износот предвиден за емисија на СО2. Со ваквата поставеност ќе се дестимулира домашната продажбата на нови скапи возила и постои можност лицата кои поседуваат компании и во други земји во регионот таму да ги купуваат и регистрираат овој тип на возила.
Царинската управа во 2019 година времено вработи повеќе од 90 лица на основ зголемен обем на работа, но за жал овие партиски вработувања не дадоа никаков ефект. Времено вработените лица не беа со статус на царински службеници и покрај тоа што за извршување на работните задачи на местата на кои беа распоредувани овие лица, а согласно ситстематизацијата на работни места во Царинската управа, предвидено е работните задачи да ги извршуваат царински службеници, кои имаат положено царински испит. Така, овие времено вработени лица, наместо да помагаат при зголемениот обем на работа, за што и всушност беа вработени, не успејаа да ја дадат потребната помош. Да биде целата состојба уште покомична, на овие вработени времените договори им истекоа на 31.12.2019 година, а Царинската управа на 30.12.2019 година, пет дена пред формирањето на техничката валада, го објави огласот 4/2019 за времено вработување на нови 92 извршители.
Во изминативе години во Царинската управа владее комплетна несериозност и неорганизираност, а последиците од таквата состојба се на директна штета на македонското стопанство, но најмногу на македонските граѓани.