Скендер Бузаку даде ултиматум ако за 72 часа Сулејман Реџепи не го напушти ИВЗ, ќе објави докази за криминалот кој како што рече го сторил нелегалниот реис, пренесува Сител.
Бузаку им порача на сите оџи, муфтии, верници кои биле избркани некогаш од ИВЗ ќе ги врати на работа а пак оние кои сега работат за Реџепи да не се плашат оти нема да бидат избркани туку унапредени.
Бузаку нагласи не може да влезе во ИВЗ бидејќи полицијата го чува објектот. Тој симболично за ултиматумот остави часовник пред портата на ИВЗ.
На прашањето што мисли за полициското обезбедување, Бузаку вели дека тоа е типично за Реџепи кој, како што вели за своја заштита ангажирал и криминални групи.