Македонија 01. март 2020. / 14:38

Бујар Османи тврди дека сме подготвени за бегалски бран, но во координација со ФРОНТЕКС и ЕУ

Бујар Османи тврди дека сме подготвени за бегалски бран, но во координација со ФРОНТЕКС и ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи порача дека земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија.

Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците – изјави Осамни во одговор на прашање на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје.